Петар Лончар е акро-пилот од Србија кој со параглајдинг се занимава уште од 2003 година, на свои 17 години. Моментално е претставник на U-Turn Paragliders, работи како тест и акро пилот.

Уште на своите почетоци сон му беше да изведе параглајдерски летови на сите 7 контитенти. Минатиот месец овој сон му се исполни, со што стана првиот човек кој летал на сите 7 контитенти во светот. Тој беше на експедиција на Антартикот со што го заокружи овој 12-годишен проект.

„Знаејќи се за Антарктикот, би можел ова да го сторам многу подобро, но бев без никаква поддршка и помош, без многу информации и со многу ограничувања. На ваква комплексна експедиција ме прави уште повеќе горд тоа што го постигнав, да бидам искрен имав само 10% шанси да летам поради неколку различни фактори, а времето беше најголемиот предизвик! Антартикот има многу потенцијал, толку е неистражен, див, сонувам да се вратам таму и да добијам поголема можност за истражување и летање. Му благодарам на универзумот што ме направи толку привилегиран со овој успех“ - вели Петар.