Замислете убав сончев пролетен ден, зеленило насекаде, го паркирате вашиот автомобил на еден убав планински предел со прекрасен поглед. Го отворате багажникот од вашиот автомобил и го земате вашиот параглајдер спакуван во ранец, го ставате на грб и пешачите до одредена точка од каде би сакале да полетате.

Се распакувате и по неколку минути поминати во проверка на вашата опрема го ставате вашиот шлем, седлото, го прикопчувате крилото со гуртните на карабинерите од седлото, погледнувате наоколу, и при добро парче ветер го подигнувате крилото и со мал залет се впуштате во бескрајниот простор. Тоа е параглајдерството!

Параглајдинг

Развиени од падобранските крила, модерните параглајдери може да се летаат без многу напор на ветровити падини, или низ цела земја во добри услови.

Во светот параглајдерството е просперитетен и атрактивен спорт. Тоа е истата слобода во која и змајарските пилоти уживаат, но параглајдерството е повеќе мобилно и е полесно да се научи. Повеќе се попречени од силните ветрови за разлика од змаевите, но полесни се за приземјување на мали површини.

Параглајдинг

Дали секогаш ви треба рид?

Параглајдерството не е ограничено само на ридови или планини. Истотака возможно е и полетување од рамни површини со влечење со сајла која е врзана на моторно возило. Овој вид на полетување е често користен во земјите без планински предели, пример Холандија, Данска...

Дали се скапи?

Параглајдерите не се евтини, но тие претставуваат еден од поефтините начини да се биде во воздух. Параглајдер кој е наменет за натпревари сигурно чини околу 3000 евра, но параглајдер погоден за нови пилоти или рекреативни летачи чини околу 1500 - 2000 евра, а додека крила од втора рака може да се најдат многу поефтино. Исто така ќе ви треба седло, шлем и резервен падобран. Понатаму, како станувате поискусен, можеби ќе сакате да купите и дополнителна опрема, како вариометар, GPS...

Параглајдинг

Што можете да правите со параглајдерот?

Многу параглајдерски пилоти се стремат да ги усовршат своите вештини во крос-кантри летањето. Додека други ги усовршуваат своите акро способности. Летното небо исполнето со пуфкасти кумулуси (вид облаци) обезбедува изобилство на невидливи струи кои пилотите ги користат за да се здобијат со висина. На таков ден, дали сте одбрале претходно некоја цел или само сакате да лебдите каде што ветрот ќе ве однесе е едно од најдобрите breathtaking искуства кое е на располагање денес. Повеќето пилоти зборуваат за привилегијата на „скокање“ од облак на облак, во речиси целосна тишина, гледајќи ја површината долу додека се движат низ небото.

Параглајдинг

Во светот се прават летови од над 250 километри. Во Алпските региони потенцијалот е бескрајно поголем, и голем број на пилоти ги искористат предностите на мобилноста на параглајдерот да посетат многу земји во Европа и подалеку на повеќе егзотични локации.

Параглајдинг

Што со натпреварите?

Параглајдерските натпревари се одржуваат на национално и меѓународно ниво. Нашата земја добро котира на овие натпревари, а низ годините Крушево претставува еден од најдобрите параглајдерски терени во Европа, каде последните години се одржуваат многу европски и светски купови, кои се посетени од светската елита на параглајдерски пилоти.

Параглајдинг