Едно од сончевите затемнувања кои се случија во 2019 година беше на 2 јули. Тоа беше видливо во Јужна Америка, каде Виктор Карера успеа да го долови на необичен начин.

23-годишниот чилеански параглајдерист создаде уникатно воздушно шоу, прелетувајќи токму покрај затемнувањето на Сонцето - во моментот кога Месечината застана пред Сонцето и денот одеднаш се претвори во ноќ.

Victor Carrera

Летот траеше 40-тина минути и се случи каде ако не во татковината на Карера.

За успешно справување со тешкиот предизвик, 23-годишниот атлет летал со помош на инструменти кои ја покажуваат брзината на ветерот, растојанието, како и надморската височина.

Victor Carrera

Карера вели дека затемнувањето на Сонцето е настан кој е тешко да се очекува да се случи за време на нечија кариера во овој спорт.

Имено реализацијата на вакви проекти ме мотивира да продолжам да летам и да не правам ништо друго.- додаде Карера.