Во соседна Бугарија за две недели во летачкото место Сопот ќе се соберат многу шампиони и рекордери во параглајдингот од целиот свет. Тие ќе бидат дел од првото издание на настанот „Red Bull Acro Cross“ кој ќе се одржи од 30 август до 1 септември.

Секој параглајдерист ќе има можност да влезе во трката, која ќе се случи прв пат во историјата на спортот и ќе се запознае со акро-крос дисциплината.

Оваа дисциплина и реализацијата на самиот натпревар е идеја на бугарскиот акро пилот и светски рекордер Весо Овчаров. Благодарение на него и неговата желба, ова ќе се случува во неговата родна земја - во Сопот.

Veso Ovcharov

Правила на Red Bull Acro Cross

Правилата ќе ги предизвикаат сложените вештини на пилотите, а гледачите ќе можат да видат синтеза на најкарактеристичните моменти на различни дисциплини во спортот.

Програмата на настанот е поделена на два тркачки денови и опфаќа масовно полетување од горниот лифт Сопот и прелети на релативно кратки растојанија (околу 10 км). Во продолжение на рутата ќе има три контролни точки, при што секој пилот ќе треба да изведува акробатски фигури. Во зависност од реализацијата на акро фигурите ќе се одземаат или додаваат бодови на вкупната оценка на пилотот.

Acro Cross

Во финалната трка, учесниците ќе се натпреваруваат обратно кон долната станица на лифтот Сопот каде ќе мора да слетаат во целта со дијаметар на најмалиот круг - 1м, покрај точноста, ќе биде оценуван и стилот на слетување што повторно додава или одзема поени.

Првопласираниот покрај пехарот и престижната титула шампион на оваа трка, тој ќе си замине и со луксузен авијациски часовник - Garmin Marq.

Acro Cross

Гости на Red Bull Acro Cross

Некои од најистакнатите имиња во параглајдерството веќе го потврдија учеството на оваа трка. Меѓу нив се:

  • Тим Алонги (Франција) - актуелен светски шампион во акробатско летање
  • Рафаел Гоберна (Бразил) - повеќекратен шампион на Бразил
  • Феликс Родригез (Шпанија) - дел од семејството кој го измисли параглајдерството како спорт. Исклучително добар параглајдерист во сите дисциплини
  • Франсоа Раголски (Франција) - поранешен светски шампион во аркобатско летање, сега ангажиран во интересни авантуристички проекти ширум светот
  • Жак Пимблет (Англија) - младата надеж и шампион на Англија
  • Кристина Колб (Германија) - една од најдобрите жени во спортот
  • Артош Гоофоријан (Турција) - шампион на Турција
  • Егор Посохин (Русија) - шампион на Русија
  • Никола Донини (Италија) - четирикратен шампион на Италија во дисциплината cross-country (прелети)

Acro Cross

Сите пилоти кои се чувствуваат подготвени за трката и сакаат да се вклучат, можат да испратат апликација за учество на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Понатаму, натпреварувачкиот тим ќе одлучи кој од нив ќе лета за време на трката на исто ниво со гостинските ѕвезди.

Организатори на првото издание на Red Bull Acro Cross се Red Bull и Сопот Лифт. Главни партнери на овој настан се Gelato and Latte, Vivacom, Nissan и Garmin.