Секоја година, во летните месеци се организираат безбедносни курсеви (SIV - симулација на инциденти во лет) и акробатско летање.

Овие курсеви се одвиваат над Охридското езеро, каде што времето запира, а доброто расположение ги освојува сите.

Учеството на ваков курс не е воопшто лесна работа. Потребна е голема желба, претходно искуство во летање и надминување на огромен страв, за да можеш сам да стопираш дел од крилото, па тоа да престане да лета или да почне да се врти како вртимушка за да симулира дека настанал инцидент. Се разбира, најважeн во овој момент е инструкторот кој мирно дава насоки, ако нешто тргне наопаку или те поздравува за добро извршена задача.

SIV Course

А задачите се:

  • Pitch/roll control
  • Big ears
  • Asymmetric collapse
  • Symmetric collapse (Frontal collapse)
  • B-stall
  • Spiral, deep spiral
  • D-riser landing approach and landing
  • Full stall
  • Deep stall and back fly
  • Negative spin
  • Wing over
  • SAT
  • Asymmetric spiral
  • Reserve deployment

Денот започнува рано наутро околу 9 часот каде во текот на утринското кафе и доручекот се одржува и краток брифинг што следи во текот на практичните вежби. Кон пладне се започнува со летање и практикување на вежбите. Според прогнозата се прават околу 4-5 лета, зависно, за да може да се апсорбираат нови работи или да се усовршат веќе научените. Се полетува од полетувалиштето во Националниот парк Галичица, а самите вежби се одвиваат над плажата во Љубаништа.

SIV Course

Секој пилот располага со појас за спасување, радиостаница со која е во врска со инструкторот, а долу на готовс чека кајче доколку нешто тргне наопаку за најбрзо да те извлече од водата.

Попладнето е резервирано за ладење во водите на Охридското езеро, а и со ладно пиво на брегот - награда за добро завршената работа. Вечерта е за убава вечера и разгледување на видеата снимени во текот на денот, и анализа на потенцијални грешки или добро сработени вежби за време на летовите.

SIV Course

Емоциите кои се искусуваат за време на курсот се десетици и со различен интензитет: страв, возбуда, спокојство, радост, лутина, љубов, изненадување, среќа... Курсот е ментално и физичко оптоварување. Приливот на енергија често е поврзан со стравот и возбудата. Страв од тоа дали си способен да ја исполниш задачата, страв од самата задача, а понекогаш само страв од непознатото.

Ако човек успее да ги надмине своите грижи и во извесна смисла самиот себе, овој курс може да се претвори во најкорисниот потфат за идните часови поминати во воздух. Обично симулацијата на инциденти не се случува како во вистинска ситуација, но со сигурност се станува подготвен за адекватна, брза и спасувачка реакција, доколку се случи. Се учи како да се предвидат и избегнат ризични ситуации и да се лета активно без грижи.

SIV Course

Доколку прогнозата не е соодветна за летање или е потребен одмор, Охридското езеро нуди прекрасни услови за пливање, велосипедизам (road и off-road), планинарење во Националниот парк Галичица или посета и на Преспанското езеро, кое е од другата страна на планината. Може да се разгледаат знаменитостите во Охрид или да се прошета до манастирот „Свети Наум“.

SIV Course

Ова лето параглајдерскиот клуб Акро Македонија организира SIV курсеви кои ќе бидат во неколку термини, а ќе бидат водени од мастер инструкторот Мендо Велјановски, акро пилот, мастер и SIV инструктор. Повеќе информации на страницата на Акро Македонија.