Параглајдерството во Македонија има одредена традиција. Благодарение на планинскиот релјеф, лесниот пристап до планините, и временските услови кои овозможуваат летање преку целата година , Македонија стана мамка за параглајдеристи ширум светот.

Параглајдерството стана брзо растечки спорт, а истотака и туристичка атракција која овозможува скоро секој да може да ја доживее слободата на летањето.

Paragliding

Како најпознат терен за летање во нашата земја е Крушево, највисокиот град на Балканот кој лежи на 1350 метри надморска висина, над Пелагонија, најголемото поле во Македонија. Ова место е со најдобри услови за летање во текот на целата година. Дали сте професионалец или почетник, секако би сакале да летате од овде.

Овде се одржуваат различни меѓународни натпревари секоја година, така што ќе начекате пилоти од секаде од светот како полетуваат или слетуваат овде.

Paragliding

Но покрај Крушево, тука е и преубавата Галичица која нуди неверојатни услови за летање, но и преубави погледи. Овде може да уживате во тандем летовите преку целото лето. Полетувајќи од околу 1400 метри надморска висина имате неверојатни погледи над Охридското езеро, планината Галичица, како и градот Охрид. Адреналинот ќе ве понесе до таму што ќе ја доживеете природата и слободата до своето совршенство.

Paragliding

Да не ја заборавиме и Шара, која истотака е погодна за летање. Започнувајќи од 1600 метри надморска висина, може да се достигнат висини и до 3000 и повеќе метри. А како бонус на сето ова ќе имате поглед над целиот планински масив, кој може да го прелетате во целата должина.

Paragliding

Секако и скопскиот регион не е изоставен, така што две планини се секогаш спремни за полетување, Водно и Скопска Црна Гора.

Сите места кои ќе ги посетите летајќи ви нудат невообичаени и уникатни погледи на Македонија. Најдоброто чувство е кога може да го исконтролирате стравот и да го искусите чувството на „слободен како птица“.

Paragliding