Последните денови од јуни го направија Мон Блан една од најжешките дестинации за летање. Перфектни услови, одлични термики и облачна база над 5500 метри доведоа стотици љубители на параглајдингот во овој дел на Европа.

Овие ретки услови дозволија масовно слетување на врвот Мон Блан на над 150 лица на 26 јуни, што треба властите да издадат привремена забрана за слетување во радиус од 600 метри околу врвот.

Задоволството од летот на највисоката точка на Западна Европа останува, а еден од пилотите на NKore Team ни ги доловува овие моменти над снежните падини на Алпите со инспиративно видео кое е во прилог снимено само пред неколку дена.