Доломити е едно од најпознатите величенствени места во Европа, гледани од воздух. Задоволството да си над ова карпесто здание со параглајдер е незаборавно. За летање над Доломитите е потребно да се има доста искуство, а најдобар период за летање е пролетта - март, април, мај, или есента - септември, почетокот на октомври, кога условите се релативно мирни и може да се лета долго време. Во текот на летото струењата на воздухот можат да бидат доста проблематични, поради големите турбуленции.

До Доломитите може да се стигне по автопат, но трошоците се малку поголеми, но истотака може да се користи и многу живописен бесплатен пат, но времето потребно за возење по него е речиси двојно повеќе. И за двете варијанти се тргнува од границата со Словенија.

Dolomiti

Најповолно и евтино место за спиење е во кампот Miravalle. Потребно е да се знае дека Италија е една од најскапите земји за кампување. Една ноќ во шатор и паркинг е околу 15 евра на човек, но сепак глетката е незаборавна. Секогаш со себе носете капа, ракавици и дебела вреќа за спиење, бидејќи температурите во текот на ноќта и раните утрински часови се застрашувачки. Една уличка го дели кампот од продавницата во која има сè што е потребно за појадок и вечера. Рестораните во регионот се многу скапи, но пак често околу селата има релативно евтини пицерии, каде што може да се јаде добро.

Dolomiti

Пристигнувањето до полетувалиштето е најбрзо и најлесно со жичара, а цената е 10 евра. Возењето трае не повеќе од 10 минути. Добро е прогнозата да се следи по неколку пати на ден, бидејќи релјефот и надморската височина во регионот се предуслов за динамично време.

Dolomiti

Dolomiti

Dolomiti