Од 5 до 18 август Крушево ќе биде домаќин на 16-тиот FAI Светски шампионат во параглајдерство во категорија прелети.

Крушево се наоѓа на надморска височина од 1350 м. и е највисокиот град на Балканот, извонредно место за годинешниот Светски куп. Заедно со Пелагониската рамница во околината претставува совршен терен за параглајдинг.

PWC 2019

Крушево изминатата деценија изгради одлична репутација како основа за национални и меѓународни натпревари во параглајдинг и е достојно место за ваков престижен настан.

Оваа година, PWC (Paragliding World Cup) ја слави својата 30-годишнина. Преку 150 најдобри светски пилоти од 48 различни земји низ планетата учествуваат на шампионатот.

Учествуваат шест поранешни светски шампиони Пјер Реми (2017), Хонорин Хамард (2015) и Чарлс Казаукс (2011). Во женска категорија Сеико Фукуока Навил (2015, 2017), Клаудија Булгаков (2013) и Петра Сливова (2003, 2007, 2011).

PWC 2019

Првите 15-мина од Европејците кои учествуваа на шампионатот во 2016 година во Крушево ќе бидат овде повторно за да обезбедат возбудлив натпревар. Меѓу светските пилоти на шампионатот учествуваат и тројца наши параглајдерсти, Дарко Станковски, Ѓорги Ристовски и Владимир Неделковски.

Целиот настан може да се следи на веб страната www.pgworlds2019.mk каде може да прочитате коментари во живо, да ја следите рутата на пилотите во живо и да бидете во тек со резултатите.