Започна одбројувањето за Red Bull X-Alps, спектакуларен натпревар низ Алпите, кој ќе започне на 2 јули оваа година од Салзбург, па се до Монако, по рута која се поминува пеш и со параглајдер.

За прв пат во историјата на оваа трка е вметнат Триглав, највисокиот врв во Словенија. Но, исто така, за прв пат Швајцарија речиси целосно е отфрлена од рутата по која се проаѓа, што вреди да се спомене бидејќи тоа е земјата од каде потекнува четирикратниот шампион Кристијан Маурер. Ова се само две од најважните новитети за Red Bull X-Alps, натпреварот кој на секои две години ги преминува Алпите со параглајдер или пеш. Целата рута поминува од Салзбург во Австрија па се до брегот на Монако каде се слетува на мала платформа поставена во морето.

Red Bull X-Alps

Уште од 2003 година, кога прв пат се одржа овој натпревар се смета за еден од најтешките авантуристички трки во светот, а предизвикот кој треба да го поминат 32та спортисти е огромен. На пример, земете го фактот дека рутата е целосно нова и најдолга досега, 1.138 километри во права линија. Во 2005 година Кристијан Маурер победи за 8 дена, 4 часа и 37 минути летајќи и трчајќи низ Алпите. Битката е исцрпувачка и вреди да се следи како се развива од минута во минута.

Во прилог следат некои од победниците од минатите изданија:

  • 2015 1. Кристијан Маурер (ШВА) 2. Себастијан Хубер (ГЕР) 3. Паул Гушбауер (АВС)
  • 2013 1. Кристијан Маурер (ШВА) 2. Клемент Латур (ФРА) 3. Антони Жирард (ФРА)
  • 2011 1. Кристијан Маурер (ШВА) 2. Тома Коконеа (РОМ) 3. Паул Гушбауер (АВС)
  • 2009 1. Кристијан Маурер (ШВА) 2. Алекс Хофер (ШВА) 3. Хонза Рејманек (САД)
  • 2007 1. Алекс Хофер (ШВА) 2. Тома Коконеа (РОМ) 3. Мартин Милер (ШВА)
  • 2005 1. Алекс Хофер (ШВА) 2. Урс Лутшер (ШВА) 3. Каспар Хени (ШВА)
  • 2003 1. Каспар Хени (ШВА) 2. Давид Дагаулт (ФРА) 3. Стефан Бокс (ГЕР)