Една од најуникатните авантуристички трки само што започна. Пред два дена Red Bull X-Alps започна во Салцбург, Австрија, каде што 31 натпреварувач излегоа на стартната линија.

Откако беше означен стартот, тие тргнаа на пат од 1138 километри, кој завршува во кнежеството Монако. Оваа дистанца ја поминуваат пеш и со параглајдер, поминувајќи низ 7 различни земји по пат.

Една од работите што ја издвојува оваа трка од многуте е тоа што натпреварувачите мора да трчаат по планинските патеки, а потоа стигнуваат до врвот, ги поставуваат своите параглајдери, и се впуштаат во воздух. Летаат долго колку што можат пред да слетаат и го почнуваат целиот процес повторно. На нивниот пат до Монако ќе мора да поминат низ серија контролни пунктови, но освен тоа, ја имаат слободата да изберат кој пат ќе го фатат и кој им одговара за нивната стратегија.

X-Alps

Тоа не е единственото нешто што ја прави оваа трка уникатна. Други интересни елементи кои се вклучени се елиминација на последно рангираниот натпреварувач на секои 48 часа, што служи како поттик за тркачите да продолжат да се движат. Директорите на трката ја наметнаа задолжителната темна зона помеѓу зајдисонце и изгрејсонце, иако тркачите можат да го користат „ноќниот премин“, можат да го игнорираат тоа правило за една ноќ за време на трката.

Лошите временски услови, направија тежок старт на почетокот на настанот. Натпреварувачите прво трчаа кон врвот на Гаисберг на 1287 метри надморска висина, која беше прва точка за полетување со параглајдерите. Но, бурните услови направија летањето да се одвива тешко и опасно во моментот, но се очекува наскоро да се подобрат работите.

Ова изгледа ќе биде најдолгото издание на X-Alps досега, но за да се појасни колку се брзи овие натпреварувачи, Кригел Маурер го држи брзинскиот рекорд на овој настан, до финишот пристигна за 6 дена, 23 часа и 40 минути. Со други зборови, најбрзите спортисти ќе стигнат до Монако за околу една недела.

На официјалната страница на Red Bull X-Alps може да се следи во живо настанот и резултатите на натпреварувачите.