Јоаким Оберхаузер од Италија го освои 16-тиот FAI Светски куп во параглајдерство по двонеделното натпреварување во Крушево кое се одржа од 5-18 август 2019 година.

Оберхаузер (43) се искачи на врвот по 10-дневно интензивно летање. Тој заврши пред 149-те други пилоти од 48 различни земји за да ја освои титулата Светски шампион во параглајдерство во категорија прелети и се закити со престижен златен медал.

Мерил Далфериер (21) од Франција го освои златото во женска конкуренција и е новиот Светски шампион во параглајдерство во категорија прелети. Кај жените имаше вкупно 21 учесничка.

FAI Paragliding World Cup

Во категоријата Тимови, Италија и Франција го поделија првото место.

Оберхаузер, кој последните неколку дена водеше на натпреварот, рече дека е пресреќен од својата победа, нарекувајќи ја: „Сонот се оствари!“

Било кој од четирите пилоти можеше да стори доволно за да го освои првенството во последниот ден, па суштинско значење беше Оберхаузер да полета добро на последната задача од 96.1 км. На крајот тој заврши 22-ри, доволен пласман за да го задржи водството во целина.

Тој додаде дека уживал во целиот натпревар.

Македонија е супер одлична земја. Прв пат сум овде и мислам дека Крушево е едно од најдобрите места во светот за натпревари со параглајдери. Убави услови, безбедно летање и силна организација.“

FAI Paragliding World Cup

Глеб Сухотски од Русија го освои второто место со сребро, а поранешниот Светски шампион во параглајдерство, Хонорин Хамард од Франција ја освои бронзата.

Во женската категорија, Мерил Далфериер од Франција го освои златото. Една од најсилните жени претенденти кои влегуваа во конкуренција, таа доминираше во женската конкуренција, победувајќи на шест од 10 задачи.

На параглајдерски натпревар мажите и жените летаат на иста задача заедно и се бодуваат на ист начин. Сепак, рангирањето и медалите се доделуваат во цела категорија и за жени.

FAI Paragliding World Cup

На натпреварот, секој тим е составен од четири пилоти, при што првите двајца пилоти во секоја екипа придонесуваат за резултатот на тимот секој ден. До крајот на натпреварот, Франција и Италија имаа постигнато 18.821 поени во текот на двете недели - неверојатно тесна завршница. Јапонија беше трета и си замина со бронзен медал, а за второ место нема доделен сребрен медал.

Организаторите рекоа дека севкупниот победник и нов FAI Светски шампион во параглајдерство, Јоаким Оберхаузер, бил „вистински пилот од светска класа“ и го нарекле „Mr. Super Consistent“ за неговиот настап во текот на целиот натпревар.

FAI Paragliding World Cup

И покрај тоа што не победи на ниту една од задачите во текот на натпреварот, неговиот силен настап секој ден значеше дека тој постепено се искачува на врвот на таблата на лидерите.

„Тој беше во првите 10 во шест од вкупно 10 задачи“, велат организаторите. „Тој целосно ја заслужува титулата FAI Светски шампион во параглајдерство, кој ги освои жешките рамнини на Македонија“.

Мажи Жени Тимови
1 Јоаким Оберхаусер (ИТА) Мерил Далфериер (ФРА) Франција/Италија
2 Глеб Сухотски (РУС) Јаел Маргелиш (ШВА)
3 Хонорин Хамард (ФРА) Кари Елис (АВС) Јапонија