11 декември е денот кога се одбележува Меѓународниот ден на планината.

Празникот беше официјално објавен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации во 2003 година. Негова главна цел е да ја покаже важноста на планините во нашите животи и да го стимулира одржливиот развој во нив. Затоа секоја година Меѓународниот ден на планината има различни теми на кои што треба да се обрне внимание.

Темите нè запознаваат со факторите кои ја прават планината интегрален дел од нашиот живот. Познато е дека храната и водата се едни од најважните ресурси кои можеме да ги добиеме од планината. Помеѓу 60 и 80% од водните ресурси на планетата доаѓаат од планините и голем дел од културите.

Planina

Од овие аспекти, ја додаваме нејзината важност за биолошката разновидност, за луѓето кои што живеат во планинските региони и се уште поседуваат традиции и јазици кои не се широко распространети, и последно, но не и најмалку важно - планината е важна за развој на туризмот. Благодарение на неа, се повеќе и повеќе луѓе имаат можност да ја допрат нејзината магија.

Не е важно зошто ја сакаме планината, таа е важна поради многу причини. Токму затоа сме одговорни да ја зачувуваме животната средина, со цел да ја минимизираме штетата што може да биде предизвикана од климатските промени.

По повод Денот на планината, денес во 18 часот Федерацијата на планински спортови на Македонија во ДХО Даре Џамбаз организира презентации од планински успеси и искачувања на македонски планинари.