Потресот со јачина од 7,8 степени по Рихтерова скала го разруши Непал во 2015 година усмртувајќи речиси 9000 луѓе. Потресот покрена голема лавина на Еверест која пројде низ базниот логор при што загинаа 22 лица.

  1. Со висина од 8848 метри Монт Еверест е највисоката планина на светот. Секоја година на пролет стотина луѓе од целиот свет го посетуваат Непал со надеж дека успешно ќе стапнат на врвот на светот.
  2. Монт Еверест се наоѓа во подрачјето наречено Кумбу долина, и е дел од хималанскиот планински масив кој е дом на 8 од 10 највисоки планини во светот.
  3. Сер Едмунд Хилари и непалскиот Шерпа Тензинг Норгај први се качија на Еверест во 1953 година.
  4. На јужните падини на Еверест е најголемиот глечер Кумбу. Единствен начин да дојдете до врвот од јужната страна на Еверест е да се искачите преку овој глечер. Кумбу се состои од големи блокови мраз и постојано се поместува и менува - уште е познат и како „најопасните 1,6 километри на светот“.
    Everest
  5. Во 2014 година 16 Шерпаси го загубија животот додека фиксираа јажина на Кумбу. Како знак за почит таа сезона е откажано секое искачување на Еверест.
  6. Потресот со јачина од 7,8 степени по Рихтерова скала го разруши Непал во 2015 година усмртувајќи речиси 9000 луѓе. Потресот покрена голема лавина на Еверест која пројде низ базниот логор при што загинаа 22 лица.
  7. Поради висината на Еверест, сите качувачи мора да се аклиматизираат со што своите тела би ги навикнале на помалата количина кислород која е достапна на големите висини. Постапката вклучува аклиматизација со постепено искачување во траење од неколку дена или недели.
  8. Тимовите кои доаѓаат во Катманду, летаат со мали авиони или хеликоптери до Лукла (2880 мнв.), а оттаму започнува десетдневното искачување низ долината Кумбу до базниот камп на Еверест (5360 мнв.) Во просек се движат само пет часа дневно. Оддалеченоста од Лукла до базниот камп е 64 километри, а ги дели висинска разлика од 2480 метри. Искачувањето трае 10 дена бидејќи на човечкиот организам му треба време за висинско прилагодување.
    Everest
  9. После доаѓањето на тимовите во базниот камп за нив започнува процесот на ротација - тоа подразбира искачување до Камп 1 или 2 каде ја поминуваат ноќта, а после повторно се враќаат во базниот камп. Со секоја ротација се искачуваат до поголема надморска висина додека конечно не тргнат во освојување на врвот.
  10. Секој пат кога се работи на ротација алпинистите и нивните водичи мораат да поминат низ ледениот глечер Кумбу, што е исклучително опасно. Низ Кумбу се искачуваат ноќе кога е поладно, за да се намали опасноста од паѓање на ледени блокови.
    Некои експедиции ги користат другите врвови во близина за да ги аклиматизираат качувачите и на тој начин го органичуваат времето поминато на Кумбу.
  11. Од првото искачување на врвот во 1953 година, во обидите за искачување на врвот досега загинале 287 луѓе. Поголемиот број го загубиле животот од падови, лавини или тешки висински болести.
    Everest
  12. Недостатокот на кислород на големите висини може да предизвика собирање на вода во градите или мозокот, попознато како висински едем на градите (HAPE) и висински едем на мозокот (HACE).
  13. Пилотите на Еверест управуваат со B3 хеликоптери кои се познати по одличното влијание на високите надморски висини. Тие можат да летаат и до висина од 7 километри.