Денес се одбележуваат 30 години откако светот се раздели со еден од најголемите алпинисти на сите времиња - Јержи Кукучка.

На 24 октомври 1989 година, полјакот засекогаш остана на планината, откако за време на експедицијата на искачување до четвртиот највисок врв во светот - Лотце , имаше пад на 8200 метри надморска висина. Оваа несреќа се случи поради кинење на јажето кое Кукучка го купил од втора рака во Катманду. Неговото тело се лизгало преку 2000 метри надолу во бездната, и никогаш не е пронајдено.

Jerzi Kukucka

За време на оваа експедиција на Лотце, полскиот алпинист се обиде да стане првиот човек кој стигнал до врвот висок 8516 метри по јужниот ѕид, кој сè уште не го искачил никој. Се смета за една од најтешките насоки кои водат до осумилјадникот.

Јержи Кукучка е втор алпинист во историјата кој успеа да ги искачи сите 14 осумилјадарки во светот. Тој стигна до круната на Хималаите за само 8 години - достигнување кое досега не е подобрено.

Со овој успех Јержи се смета за еден од најголемите алпинисти на сите времиња.