Планинарите кои пробуваат да го искачат планинскиот врв Монт Еверест ќе го соберат заостанатото ѓубре во текот на пролетната планинарска сезона, соопштуваат организаторите на експедициите.

Секој од нив ќе понесе ќеса во која ќе може да собере до 80 килограми ѓубре кое останало зад неуспешните планинарски експедиции организирани 2014 и 2015 година.

Сезоната во 2014 година заврши порано бијдеќи 16 водичи од Непал загинаа во лавина, а следната година во лавина предизвикана од земјотрес загинаа 19 луѓе.

Mount Everest

Еден од водичите Расел Брис денес изјави дека планинарите сега мораат да ги соберат шаторите, остатоците од залихи и друго заостанато ѓубре. Планинарите полните ќеси ќе ги оставаат на одредено место, каде со хеликоптери ќе бидат вратени во планинарскиот камп.

Околу илјада странски планинари доаѓат на Монт Еверест на пролет и есен кога временските услови се поволни.

Популарната планинарска рута трае две недели, а на планинарите им е дозволено да се качуваат само до кампот на надморска висина од 4940 метри. Планинарите со специјална дозвола можат да се качуваат над кампот и на највисоките планински врвови на светот.