На крајот на октомври, објавивме дека во јануари 2019 година, меѓународна експедиција ќе направи петти обид во историјата за прво зимско искачување на К2.

Според најновите податоци, претставниците на Русија, Казахстан и Киргистан нема да бидат сами на патот кон вториот највисок врв на светот. Качувачот Алекс Чикон, исто така, ќе се упати кон К2, во обид да стане првиот човек кој ќе се искачи на осумилјадарка во зима.

K2

Шпанската експедиција ќе почне да пристигнува во базниот камп на 2-ри јануари. Заедно со Чикон ќе бидат Феликс Кридадо, како и пет Шерпаси. Првичниот план е да стигнат до К2 по класичната рута - Абруци. Шпанскиот тим, исто така, ќе има неколку научници кои ќе истражуваат како телото се адаптира на голема надморска височина и исто така ќе се фокусираат на еколошките проблеми со кои се соочуваме.

Ние ќе следиме што ќе се случува на патот до вториот највисок врв во светот.