Четворица планинари од планинарското друштво ЗПСК „Макпетрол“ од Скопје кои под мотото „собираме по 2 денари од искачен метар за поддршка на семејствата со ретки болести“ беа на 10 дневна Алпска авантура каде акумулираа доволен број на црвени Алпски крвни зрнца и големо количество ендорфин кое ќе ги држи наредните месеци.

Нивната 10 дневна авантура започна од Јулиските Алпи, со искачување на Триглав (2864 м.), највисокиот врв во Словенија, искачувањето им започна од долината Крма. Следно искачување на листата беше на Доломитите во Италија на врвот Пунта Пениа - Мармолада (3343 м.) преку via ferrata рутата „Klettersteig“ и „Forcella“.

Alpi

После тоа следуваше највисокиот врв во Германија - Цугшпиц (2962 м.) исто преку via ferrata рута, а потоа и искачување на Алпшпиц (2628 м.) пирамидалниот врв над Гармиш-Партенкирхен, но поради лоши временски услови не го искачија врвот. За крај да стават точка на оваа авантура се обидоа да го искачат највисокиот врв во Австрија - Гросглокнер (3798 м.), но поради влошени временски услови успеаа да стигнат до 3500 метри, малку повеќе над домот Erzh Johann Hutte. Како што вели познатата изрека „не секогаш посетата на планината дозволува искачување на нејзиниот врв!“

Alpi

Воедно сите врвови од оваа авантура се од технички карактер според UIAA со оценка II/III, изодени беа околу 100 километри, со висинска разлика од 7200 D+.

Планините се тука и ќе останат и после нас.