Ви го презентираме видео записот на качувачката ѕвезда Адам Ондра од Чешка, кој минатата година беше во Македонија каде искачуваше насоки со тежина од 8а, 8b, 9а и 9а+ во Мавровскиот регион.

17 минутното видео го презентира „роад трипот“ на Адам низ балканските земји Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Албанија со што оваа посета е карактеризирана како историска.

Оставајќи трага од тешките искачувања и развивање на нови насоки во секоја земја, тој истотака стекна и трајни пријателства со качувачката заедница.