Викендов што измина група од осуммина планинари од Битола од ПЕГ „Турниме да Кинисам“ беа во посета на планината Олимп.

Поделени во два автомобили, саботата за цел им беше искачување до домот Спилиос Апагитос на 2100 м.н.в. каде беа сместени во шатори.

Неделата беше предвидена за искачување на врвот Митикас 2918 мнв. Првата четворка тргна рано изутрина искачувајќи го врвот Стефани 2909 мнв., а потоа Митикас 2918 мнв. преку рутата Луки, додека втората четворка малку подоцна се движеа по стандардната патека преку врвот Скала до Митикас.

На врвот се собра целиот состав, од нив некои за прв пат на врвот, а други повеќе пати.

Во прилог неколку фотографии и видео запис од искачувањето.