Нема кој не бил на Плат на Шар Планина, а да не му падне в очи маркантниот гребен на северните падини на Среден Камен.

Изминатиов викенд Бојан Митаноски и Саша Грбиќ направија првенствено искачување на како што тие ја нарекоа „Opium Tea“ насоката на Среден Камен на Шар Планина.

Насоката започнува на 2050 мнв, а завршува на 2450 мнв. со што висинската разлика е 400 метри или 12 цуга, а тежина според UIAA - III-IV/IV+.

Во прилог фотографии од искачувањето, превземени од Facebook профилот на Бојан Митаноски.