Неколку дена по искачувањето на К2, Нирмал Пурџа стапна на Броуд Пик. Искачувањето се случи во петокот (26.07) во 8:50 часот по локално време.

Со искачувањето на Броуд Пик висок 8047 метри, Нирмал Пурџа се приближува до постигнувањето на својата цел да ги искачи сите осумилјадарки во рок од седум месеци. Броуд Пик е 11-тиот врв над 8000 метри, на кој се искачил од крајот на април досега.

До тој момент, Пурџа стапнал на Анапурна, Даулагири, Кангчензонга, Еверест, Лотце и Макалу, со што ја заврши првата фаза на Project Possible 14/7.

Иако започна со мало задоцнување, втората фаза, исто така, заврши повеќе од успешно со искачувањето на Нанга Парбат, Гашебрум I и II, K2 и Броуд Пик.

Третата фаза се очекува да започне на почетокот од септември, а му преостануваат три осумилјадарки, Манаслу, Шишапангма и Чо Оју.