Утрово, бугаринот Владимир Павлов, еден од пионерите на екстремниот сноубординг во Бугарија, стана првиот Бугарин кој се спушти со сноуборд од 8000 метри. Ова се случи од Манаслу 8163 м., тој на 22 септември замина кон врвот заедно со еден Канаѓанец и двајца Шерпаси.

Владимир направи континуиран спуст од 8150 м. до 6200 м., а користел кислород само до Камп 4 на 7450 м. Во моментов, Владимир се наоѓа во базниот камп под врвот.

Vladimir Pavlov

Во 2018 година овој авантурист, со 20-годишно искуство во планините, имаше намера да се спушти од Шишапангма, но финансиите ги одложија неговите планови за 2019 година. Бидејќи овој врв беше забранет за искачување од есента минатата година, сноубордерот се упати кон Манаслу за неговиот нов подвиг.

Владимир Павлов е познат и по други спустови. Во 2016 година, тој беше во можност да се искачи на Дамаванд Пик (5671 м) во Иран и да се спушти со сноуборд. Во 2017 година, тој направи прв бугарски сноубординг спуст од над 7000 метри - од врвот Авицена (7134 м) во Киргистан.