Планинарењето претставува релативно безбедна активност. Луѓето најчесто се повредуваат кога нема да се подготват за лошо време или го оптеретуваат своето тело до крајни граници. Втор најчест проблем е кога ќе се изгубите, така што е многу важно да знаете како да не се изгубите и што да превземете доколку тоа се случи.

Ние луѓето сме социјални суштества. Нормално, повеќе сакаме околу себе да имаме повеќе луѓе и со нив да ги делиме своите искуства. Некои од нас сакаат да го искусат целиот свет сами. Ако ви се допаѓа отворена патека тогаш можеби соло планинарење е баш она што го барате. Сеедно дали одите сами, со неколку пријатели или со поголема група планинари битно е да се знаете за одредени потенцијални проблеми за кои морате да бидете спремни да се соочите.

Solo hiking

Предности на соло планинарење

Да се биде сам во природа може да име предност на повеќе начини:

Духовно здравје - Самосталноста ви овозможува да се опуштите далеку од урбаните градови и бучните улици.

Вашите вештини („снаодливост“) - Кога планинариме со повеќе луѓе тогаш се потпираме еден на друг и така меѓусебно ги решаваме проблемите. Соло планинарење ви овозможува да ги тестирате вашите вештини и своето знаење. Битно е да се има искуство и одредени вештини пред да тргнете на планина потполно сами.

Сопствено темпо - Кога сме со повеќе луѓе на планинарење тогаш темпото се рамни според најбавниот член на групата. Таквото темпо можеби вас не ви одговара, но кога сте сам тогаш може да го диктирате вашето темпо, брзина, времето помеѓу паузите, време на пауза и сл.

Флексибилност - Промена на темпо, место за одмор, патека и се останато може да биде по ваше ако сте соло планинар. Кога одите соло на планина задолжително е да известите некој за вашите планови, така да во случај да се загинете таа личност може да ви повика помош.

Solo hiking

Предизвик - Да се поттикнете себеси да планинарите побрзо, подалеку и подолго од тоа што сте навикнале. Да одите по потешки патеки и потешки услови може да ви биде примамливо.

Запознајте ги своите стравови - Многумина од нас имаат стравови за кои не се ни свесни. Дали се плашите од дивите животни, темницата, висината, бурите, осаменоста или нешто друго, соло излетот може да ви помогне во надминување на своите стравови.

Запознајте ја природата - Кога планинарите во група особено со млади тогаш се мали шансите да го видите вистинското лице на природата. Бучавата и мирисот ќе ги избркаат животните. Утринското кратко планинарење може да биде вистинско искуство за вас. Кога планинарите во група немате можност да седнете и да ја гледате природата и уживате, но кога сте сами може да седнете и да уживате со часови и никој да не ви смета.

Одговорност - Соло планинар за себе може да каже „Тоа јас сум го направил“ кога ќе дојде до крајот. Тој ја превзема целата одговорност за целиот успех. Никој не му помогнал и тоа претставува награда за неговиот вложен труд.

Solo hiking

Недостатоци на соло планинарењето

Планинарењето соло има некои потенцијални недостатоци за кои треба да се информирате пред да тргнете во дивина.

Осаменост - Голем недостаток кај соло планинарењето е осаменоста. Планинарењето станува досадно на долги патеки. Но се зависи од самиот човек и неговата психа. Битно е да се знае дека соло планинарењето се разликува од тоа да останете сам дома. Кога сте во природа нема градска бучава и останати работи кои ви говорат дека сте во цивилизација.

Solo hiking

Мотивација/Демотивација - Кога планинарите со повеќе луѓе тогаш тие може да ве мотивираат ако подзастанете, можат да ве натераат да продолжите понатаму. Но тоа не е случај кога сте сами. Многу планинари ќе се откажат и ќе си создадат психичка бариера.

Тешка опрема - Никој нема да ви ја носи опремата кога сте сам. Ако сте повеќе луѓе тогаш дел од опремата може да се распредели, но кога сте сам мора да се погрижите за се.