Дејан Тодевски и Димитар Тодоровски од ПК Македон искористија 10тина убави летни денови да ги поминат на Алпи.

Прво се упатија во Австрија и го искачија највисокиот врв Гросглокнер (3798м.) преку рутата Штудлграт. Два дена подоцна направија искачување на Брајтхорн (4164 м.), за на крај се обидат да го искачат најатрактивниот алпски врв Матерхорн (4478 м.).

Alpi

При искачувањето стигнаа до 4150 метри, каде Димитар доби висинска за преголем замор, беа приморани да се спуштат надолу, но врвот не бега, таму е за следен пат.

Во прилог видео запис од алпската авантура.