Денис Урубко ги објави своите планови за претстојната зима на 16-от планински филмски фестивал во Краков. Неговите цели се Броад Пик и K2.

Првото зимско искачување на Броад Пик го остварија полјаците Мачеј Бербека, Томаш Ковалски, Адам Биелицки и Артур Малек на 5 март 2013 година. Бербека и Ковалски загинаа при пад од лизгање.

За Урубко, сепак, ова искачување не е чисто зимско, бидејќи тој вели дека зимата трае од 1 декември до крајот на февруари. Предводен од тоа, тој ќе се обиде да се искачи на Броад Пик во февруари или порано.

Исто така, ќе има обид и на K2. Вториот највисок врв и последен неискачен осумилјадник во зима е во неговиот план, но се зависи и од искачувањето на Броад Пик кој ќе служи како аклиматизација.

Урубко вели дека со добра прогноза и самоуверен партнер ќе направи обид и на К2. Партнер на Денис во претстојната експедиција ќе биде Дон Боуви, тој ќе го придружува на Броад Пик, но сè уште не е познато дали ќе продолжи на К2 или Урубко ќе најде партнер меѓу тамошните експедиции таму.

Најнеочекуваната изјава на Денис е дека по оваа зимска експедиција тој би сакал да стави крај на високогорскиот алпинизам и својата енергија да ја насочи само на качување по карпи.