Дури и пред да замине во Каракорум оваа зима, Денис Урубко најави дека ќе се откаже од алпинизмот. После 31 година по планините, тој реши да каже стоп.

Денис ги објави своите намери преку текстуално соопштение до својата партнерка Марија (Пипи) Кардел, по неуспешниот обид за зимско искачување на Броад Пик. Искачувањето заврши драматично по инцидентот од лавина кон крајот на минатата недела.

Денис Урубко е осми човек во светот кој ги искачи сите 14 осумилјадарки без кислород. Има 22 искачувања на врвови над 8000 метри.

Denis Urubko

Во 2018 година, Денис и неговите колеги од зимската полска експедиција на К2 одиграа голема улога во херојската акција за спасување на Елизабет Револ од падините на Нанга Парбат.

Летото во 2019 година, Урубко водеше нова рута на Гашербрум II, која ја крсти „HoneyMoon“ и учествуваше во неколку последователни операции за спасување во Каракорум. Тогаш го нарекоа „Последниот мохиканец“, најновиот алпинист од старата генерација кој креира нови правци, качува во алпски стил, без кислород и бара пионерски предизвици.

Недовршената задача која останува по Урубко е првото зимско искачување на К2.

Листа на искачени осумилјадарки на Денис:

  1. Еверест (8848, без кислород, нормална рута, 24.05.2000)
  2. Лотце (8516, без кислород, нормална рута, 23.05.2001)
  3. Гашербрум I (8068, без кислород, јапонски кулоар, 13.08.2001)
  4. Гашербрум II (8035, брзо искачување по нормалната рута без кислород: од 5800 м. до врвот за 7ч. 30 мин. Се врати на 5800 за 4 часа, 20.08.2001)
  5. Кангчензонга (8586, класичен насока, без кислород, 13.05.2002)
  6. Шиша Пангма (главен врв 8046 м. и централен 8012 м., без кислород 25.10.2002)
  7. Нанга Парбат (8125, Киншофер, без кислород 17.06.2003)
  8. Броад Пик (8046, без кислород, нормална рута 07/18/2003)
  9. Ананурна (8091, ноќно искачување, 05.2004)
  10. Броад Пик (8046, прво искачување по јужната стена, алпски стил со Сергеј Самоилов, 25.07.2005)
  11. Манаслу (8163, нормална рута, со Сергеј Самоилов; 25.04.2006)
  12. Манаслу (8163, прво искачување по југоисточната стена со Сергеј Самоилов; 08.05.2006)
  13. Даулагири (8167, нормална рута; 2.5.2007)
  14. К2 (8611, по северозападен гребен, јапонска рута, со Сергеј Самоилов; 09.2007)
  15. Макалу (8463; 12/05/2008)
  16. Макалу (8463, прво зимско искачување со Симоне Моро, 09.02.2009)
  17. Чо Оју (8201 м., прво искачување по јужна стена во алпски стил, со Борис Дедешко; 05.2009)
  18. Лотце (8516, нова рута од јужното седло, соло од камп 3; 16.05.2010)
  19. Гашербрум II (8035, прво зимско искачување со Симоне Моро и Кори Ричардс; 02.02.2011)
  20. Канчензонга (8586, северна стена; 19.05.2014)
  21. Гашербрум II (8035, нормална рута; 18.07.2019)
  22. Гашербрум II (8035, нова рута - соло од 6100 до врвот во 24 чaсa, 01.08.2019)