На 20 февруари, тројцата Италијанци, Франко Николини, Томас Франчини и Силвестро Франкини, започнаа експедиција чија главна цел е да ги достигнат сите врвови на Андите кои се високи над 6500 метри. Проектот се вика Los Picos 6500 и во план е да се спроведе во рок од 60 дена.

Франко, Томас и Силвестро веќе имаат 7 од 16 врвови зад себе. Меѓу нив се Аконкагва (6965 м), вулканот Тупунгато (6570 м), Мерседарио (6701 м), Серо Бонете (6759 м), Невада Писис (6795 м), Инкауаси (6621 м) и Серо Типас (6658 м).

Аконкагва

Според планот експедицијата треба да заврши во текот на третата недела од април, а дотогаш алпинистите ќе се обидат успешно да ги искачат следниве врвови: Охос дел Саладо (6893 м), Ел Муерто (6505 м), Трес Крусес - јужен дел (6748 м), Трес Крусес - централен дел (6629м), вулканот Лолајлајко (6739 м), Невадо Сахама (6542 м), Васкаран - јужен дел (6746 м), Васкаран - северен дел (6768 м) и Јерупаха (6617 м).

Што се случува на Андите и дали експедицијата Los Picos 6500 ќе заврши како што е планирано останува да видиме.