Видеото подолу е кратко клипче од неодамнешната специјална емисија на National Geographic насловена One Strange Rock, која ги истражува уникатните аспекти на нашата планета.

Во овој сегмент од шоуто, тим од двајца качувачи се обидува да се пробие по линијата долга 979 метри на Ангелските водопади во Венецуела. Качувањето воопшто не е лесно, но глетките по пат се спектакуларни.