И оваа зима вториот врв по височина во светот К2 не дозволи да биде искачен. Пред неколку дена официјално заврши и експедицијата на Алекс Чикон, која остана последна во реонот на К2 со надеж да го искачи.

Причина за историското достигнување да не се случи беа неповолните временски услови. Во последните денови можни за искачување силни ветрови не им дозволија на алпинистите да достигнат повисоко од Камп 3.

Иако емоциите од овогодинешните обиди не се расчистени, веќе се размислува за Зима 2020. Токму тогаш полската експедиција од 2018 ќе се врати во Каракорум, за да стане првата во историјата која го искачила овој осумилјадарник.

Обидите за наредната зимска сезона ќе бидат под број 6. Сепак сега е време да го насочиме погледот кон претстојната пролетна сезона и ги очекуваме најинтересните остварувања кои ќе се случат на највисоките планини во светот.