Уште 10 дена календарски ќе започне зимата на северната хемисфера. Тоа значи дека ќе започне зимската сезона 2019/2020 со неколку неверојатни експедиции кои наскоро ќе започнат. Алпинистите веќе се подготвуваат да заминат во базните кампови, а во следните неколку недели ќе го следиме нивниот напредок.

К2: Mингма Г. Шерпа, Џон Снори Сигурјонсон и Гао Ли

Mingma Sherpa

Еден од двата тима кои имаат дозвола за К2 оваа сезона е и овој тричлен тим кој е посветен единствено на овој врв кој допрва треба да се искачи во зима. Тимот се бореше да собере средства за ова искачување, а почетокот на искачувањето е закажано за јануари, а до тогаш ќе бараат повеќе спонзори и ќе се подготвуваат за експедицијата. За таа цел, тие креираа страница на GoFundMe за да соберат донации, но досега е целосно неуспешно. Ова е сомнителен почеток за ваков амбициозен потфат, но тие се решени да тргнат на оваа авантура. Мингма Шерпа се искачил на К2 два пати досега и е запознаен со планината. Неговите придружници исто така имаат искачено голем број врвови над 8000 метри, а исто така заедно биле на неколку експедиции. Наскоро се очекува да бидат на пат кон базниот камп на К2.

Броуд Пик и K2: Денис Урубко и Дон Боуви

Denis Urubko

Вториот тим кој оваа зима би можел да се искачи на К2 е Денис Урубко и Дон Боуви. Сепак, нивниот фокус е на Броуд Пик пред сè, таа планина останува нивна примарна цел. Денис Урубко, кој имаше обид на К2 во зима во 2017 година, вели дека ако имаат време и се чувствуваат добро, ќе се обидат на К2 веднаш кога ќе завршат со Броуд Пик. Со други зборови, немојте да го задржувате здивот на овие двајца качувачи, бидејќи качувањето на два врва над 8000 метри во зима е исклучително тешка задача. Особено, кога никој од нив никогаш не се искачил. Сепак, Урубко и Боуви се двајца силни алпинисти во светот.

Еверест: Обид на Алекс Тиксон без дополнителен кислород

Alex Txikon

Како што веќе беше објавено по светските медиуми, Алекс Тиксон оваа зима ќе се упати кон Еверест да го направи својот трет обид во текот на оваа сезона. Она што го двои неговиот обид од сите други е дека тој ќе се обиде да се искачи без употреба на дополнителен кислород. Шпанскиот алпинист, наводно, прво ќе се упати кон Јужните Шетландски Острови на Антартикот како загревање пред да отпатува за Непал на почетокот од јануари. Тој и неговиот тим прво ќе се обидат да се искачат на Ама Даблам за да се аклиматизираат и да се подготват за Еверест, и кога ќе отпатуваат во базниот камп ќе бидат подготвени.

Еверест: Јост Кобуш соло

Jost Kobusch

Германскиот алпинист Јост Кобуш продолжува со своите планови да се проба соло на Еверест во текот на зимата. Тој, всушност, поголемиот дел од есента го помина во Непал, искачувајќи помали врвови за подготовка. Тоа значи дека тој треба да биде веќе аклиматизиран и да го чека календарскиот почеток на зимата пред да започне со својата експедиција. Неговата цел е да се искачи на врвот целосно самостојно, без никаква помош или употреба на фиксни јажиња. Да се направи ваков тежок потфат е голем предизвик, а планира да се искачи и без дополнителен кислород по рутата Hornbein Couloir, патека која е исклучително тешка до врвот. Се чини дека Кобуш ќе пристапи реално кон овој потфат, велејќи дека не очекува да се искачи на врвот, но ќе даде се од себе да ги пронајде границите до се она на што е способен.

Гашербрум Траверс: Симоне Моро и Тамара Лунгер

Simone Moro

Конечно, ги имаме Симоне Моро и Тамара Лунгер кои ќе се упатат кон масивот Гашербрум да се обидат во нивниот амбициозен проект. Дуото, кои имаат многу заеднички искачувања последните неколку години, прво ќе се обидат да се искачат на Гашербрум I, ако бидат успешни, тие ќе се спуштат кон Гашербрум Ла, срт кој ги поврзува двата главни врва. Оттаму, тие ќе се обидат да се искачат на Гашербрум II, пред да се вратат во базниот камп. Да напоменеме, да се искачат два врва над 8000 метри во зима е исклучително тешко, а траверс на Гашербрум е направен само еднаш во минатото, во далечната 1984 година во текот на летото. Така ова искачување на Симоне и Тамара нема да биде прошетка во паркот во кој било дел од имагинацијата.