Најголемиот здравствен страв во моментот е коронавирусот во Кина. Епидемијата што брзо се шири зарази преку 79 000 луѓе и однесе скоро 3000 животи. Светската здравствена организација го прогласи вирусот, официјално наречен COVID-19, за „најголема закана за човештвото“.

Покрај тоа што предизвикува здравствени шокови во општеството, коронавирусот е исто така одговорен за падот на економијата во Кина и регионот. Стравот би можел да биде причина за годинешната сезона за искачување на Еверест. Ако Кина ги затвори своите граници за да спречи ширење на вирусот, искачувањето до највисоката точка на планетата ќе биде уште поголем предизвик.

Corona

Блогерот и планинар Алан Арнет го разгледува влијанието кое може да го има COVID-19 на претстојната сезона за искачување на Еверест, Чо Оју и Шиша Пангма. Тој смета дека многу планинари претпочитаат да поминат преку Тибет затоа што се уште е изолиран од епидемијата. Според последните податоци на територијата на земјата досега има само еден случај на заразено лице.

Друг начин да стигнете до осумилјадарките е да преминете преку Непал. Таму, појавата на коронавирусот, како и на Тибет, не достигна алармантни размери, иако изминатиот месец е забележан драматичен пад на сообраќајот. Владата ги уверува туристите дека нема за што да се грижат.

Corona

Во меѓувреме, Меѓународната федерација за спортско качување откажа неколку натпревари кои ќе се одржат во Кина. Најпознато од нив е квалификацискиот натпревар за Олимписките игри во 2020 година во Токио, што требаше да се одржи во градот Чонгкинг, каде вирусот започна да се шири еден месец по избувнувањето на епидемијата во Кина.

„Влијанието што може да го има коронавирусот на експедициите на Еверест е големо, а Светската здравствена организација ги повикува туристите да внимаваат на нивното здравје. Меѓутоа, ако планирате да патувате во овој регион, имајте на ум дека болеста се шири многу брзо, затоа добро размислете за ризиците“, советува Алан Арнет.