Кратко видео од брзинското искачување на највисокиот врв во Швајцарија, Дуфуршпиц 4634 мнв, преку западниот гребен (AD-, UIAA III, 1750m) реализирано на 09.08.2019 година од страна на Александар Кирковски.

Врвот Дуфуршпиц се наоѓа на Пенинските Алпи, на масивот Монте Роса на границата помеѓу Швајцарија и Италија. За првпат е искачен во 1855 година, а денес годишно привлекува се поголем број планинари и качувачи. Со популаризацијата на планинарските спортови се почесто е искачувањето на високите врвови во брзински и соло стил што подразбира носење на минимум опрема, но таквиот начин значително го зголемува ризикот од незгоди.

Кирковски за искачувањето: „Овојпат со мала аклиматизација, но во одлична форма, навистина уживав и одлично се забавував на Дуфуршпиц. Меѓутоа морам да напоменам дека ваквиот начин на 'брзо и лесно' движење во високите планини не е воопшто наивна работа, а секоја најмала грешка може да донесе големи последици. Совет до сите планинари е да бидат многу внимателни во пристапот при изборот на својата цел, начинот и опремата, затоа што планината е опасно место. Не треба да има простор за скокање на скалила.“

Duforspitze

Брзинското искачување на Дуфуршпице 4634 мнв беше дел од програмата на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, а Кирковски во претходните неколку години реализира брзински искачувања на Мон Блан, Матерхорн, Елбрус, Аконкагва и др.