Цела ноќ од 22 часот ноќта до утрото (25-26 јуни), траела спасувачката акција на специјална единица на грчката противпожарна служба за пронаоѓање и спасување на 26 годишен Македонец кој останал заглавен на Олимп во обид да стигне до врвот на планината.

Акцијата завршила успешно, а Македонецот бил спасен.

Според информациите во грчките медиуми, Македонецот немал соодветна опрема бил без јажиња, во еден момент се загубил и заглавил и не можел ниту да продолжи ниту да се врати, па побарал помош.

Противпожарната служба ноќта во 22:35 добила повик за помош од планинарот - алпинист дека е заглавен на 2911 метри кусо пред врвот. Во спасувачката акција која успешно заврши утрово, учествувале вкупно 18 лица од специјалните противпожарни служби од Солун, Лариса, Катерини и Литохоро.

Според информациите од почетокот на спасувачката акција, па до самиот крај, нашиот конзулат во Солун, кој бил известен за заглавениот планинар, бил во континуирана комуникација со надлежните грчки власти.

Превземено од Канал 5