Едно од имињата кое успеа да го промени изгледот на планинарењето во средината на 20-тиот век е Морис Херцог. Тој останува засекогаш запишан во историјата како прв човек кој се икскачил на осумилјадарник. Ова достигнување се случило на 3 јуни 1950 година, кога Херцог, во друштво со Луис Лашенал, се искачиле на врвот Анапурна I (8091 м).

101 година од раѓањето на Морис Херцог

Денес, 15 јануари, се одбележува 101-годишнината од раѓањето на Морис Херцог. Роден е во 1919 година во францускиот град Лион и е најстар меѓу осумте деца.

Еден од факторите кој го предизвикал интересот на Херцог кон природата и високите планини е неговиот татко, кој исто така бил алпинист. Покрај тоа, неговото семејство поседуваше мала вила во Шамони, во подножјето на алпскиот врв Мон Блан.

Maurice Herzog

Херцог вон планинарењето

За време на Втората светска војна, Морис Херцог се придружил на француските левичарски герилци и беше командант на високогорската армија. Потоа, добил две награди за неговите заслуги.

Во меѓувреме, во 1944 година дипломирал во Париз, а потоа станал шеф на компанија за гуми. Неговата нова струка до одреден степен го оддалечува од планините. Сепак, неговите заслуги за време на војната беа причината зошто тој беше поканет да ја води експедицијата на Анапурна I во 1950 година. Тој се сметаше за талентиран алпинист, но не и најдобар.

Maurice Herzog

После првото искачување на 8091-метарскиот врв Анапурна I, Херцог се врати во својата татковина, каде во периодот од 1958 до 1963 година бил Министер за млади и спорт. Подоцна, од 1966 до 1977 бил градоначалник на Шамони, а од 1970 до 1995 година бил член на Меѓународниот олимписки комитет.

И покрај тоа што изгубил голем дел од прстите за време на експедицијата на Анапурна, Херцог продолжил да скија и да патува низ годините. Тој успеал да направи и повеќе од 3000 часа како пилот.

Maurice Herzog

Автор е на две книги. Првата книга е објавена многу брзо после искачувањето на Анапурна, во 1951 година, а втората книга е издадена во 1997 година под оригинално име L’Autre Annapurna.

Морис Херцог зад себе има два брака, од кои има две деца. Во 2012 година светот се раздели од алпинистот на 93-годишна возраст.