3 јули 1953 година е денот кога австриецот Херман Бул го направи првото искачување на деветтиот највисок врв во светот - Нанга Парбат (8126 мнв). Неговото достигнување е едно од најзначајните во историјата на алпинизмот од неколку причини. Пред ова да се случи, 31 лица загинуваат во обид да стигнат до оваа осумилјадарка.

Покрај тоа Херман Бул одлучил да продолжи сам во последните метри до врвот, откако другите членови на експедицијата решаваат да се вратат назад. Тоа значи дека тој го остварува искачувањето соло кое е регистрирано како првото соло достигнување до осумилјадарка во историјата. Во прилог на ова, австрискиот алпинист го искачил Нанга Парбат без дополнителен кислород.

Nanga Parbat

Трасата по која Бул се искачуваше на врвот е нејзиниот источен раб. Првично тој се движеше во друштво на други членови на експедицијата, меѓутоа, на последните 1300 метри до врвот, сите членови се враќаат назад, само Бул одлучил дека мора да продолжи понатаму. Настаните не поминале без драматичен пресврт, откако на симнување од врвот, Бул е принуден да ја помине ноќта на тесен раб. Иако исцрпен, следниот ден австриецот успева да продолжи и да се врати во еден од камповите. Ова се случува 40 часа откако се искачил на врвот.

Иако другите алпинисти го критикуваа Бул за одлуката да продолжи нагоре сам, ова достигнување останува како едно од најзначајните во историјата на алпинизмот.