Без сомнение ланската сезона на искачување на Еверест беше тешка. Не само што видовме сериозен метеж на највисокиот врв на светот, туку имаше и повеќе од десетина смртни случаи кои се случија високо на планината. Во пресрет на овие инциденти од висок профил, владата на Непал беше остро критикувана дека не презела посилни активности за да спречи несреќи и да ја регулира гужвата на качувачи на Еверест. Сега, додека се доближуваме до почетокот на оваа сезона 2020, се појавија гласини дека наскоро ќе се појават нови регулативи.

Според написот објавен во „South China Morning Post“, непалските власти се подготвуваат да го објават барањето за лекарски преглед пред алпинистите да се упатат кон планината. Ова ново правило очигледно е предложено од непалското Министерство за туризам - кое ја надгледува планинарската активност - и може да стапи на сила веднаш од 1 април. Сеуште не е јасно дали оваа регулатива би била на сила оваа сезона, до почетокот на април, кога многу алпинисти ќе се упатат кон Непал. Можеби лекарите во Катманду можеа да ги направат овие испитувања пред качувачите да заминат во долината Кумбу, но земајки ја предвид корупцијата и лошото работење кое постои во земјата, ова се чини како потенцијално лоша идеја.

Everest

Оваа вест доаѓа од Мет Напилтонија, кој е виш специјалист за операции во Global Rescue, организација која надгледува евакуации и медицинска помош на многу алпинисти од Еверест секоја година. Напилтонија вели дека неодамна го посетил Непал и се состана со владини претставници и доктори за да разговараат за ова прашање. Тој верува дека новите правила ќе дојдат порано, отколку подоцна, и дека тие се чекор кон вистинската насока кога станува збор Еверест да се направи побезбеден.

„Се работи за лична одговорност, но луѓето прават глупави работи и земаат поголем залак отколку што можат да џвакаат. Па, како се справувате со тоа? Мислам дека непалската влада прави добра работа, барем во првите чекори, за да добие медицинска проценка. Но, тие треба да се зафатат со прашањето колку дозволи треба да продаваат“, се цитира Напилтонија од SCMP.

Mедицинскиот преглед пред почетокот на експедицијата не е лоша идеја, и нема да има сериозно влијание врз бројот на жртви што се случуваат на планината. На крајот на краиштата, повеќето алпинисти се во разумна добра состојба пред да пристигнат во Непал. Но, регулирањето на бројот на дозволи, барањето на повисоко ниво на искуство, и намалувањето на бројот на луѓе на планината може да биде долга цел за Еверест да стане побезбеден. Се разбира, тоа исто така значи и помалку пари во државната каса на Непал, што на крајот на денот е нешто што се чини дека сакаат да го избегнат.