Владата на Непал планира значително да ги намали (а во некои случаи и целосно да ги укине) трошоците за дозволи за искачување на планинските врвови во земјата!

Целта на Непал со овој „подарок“ за планинарите е да се привлечат повеќе странски туристи и планинари во земјата за време на кампањата „Visit Nepal 2020“.

Одделот за туризам во Непал, организација надлежна за издавање на дозволи за искачување, истакна дека се планира да се откаже од надоместокот за дозволи за качување на врвот Чо Оју 8188 м. - шестиот највисок врв во светот!

Треба да се напомене дека порано цената на дозволите за качување на Чо Оју беше 1800 долари за секој алпинист.

Вреди да се спомене дека славниот непалски планинар Нирмал Пурја, кој годинава го направи „невозможното“ - ги искачи сите осумилјадарки за помалку од 7 месеци, планира да отвори нова рута на Чо Оју за пролетната сезона во 2020 година.

Трасата ќе биде поставена од страната на Непал и ќе биде насочена кон промовирање на националната кампања на Непал „Visit Nepal 2020, рече Нимс.

Visit Nepal 2020

До денес, сите комерцијални тимови се искачуваат на врвот Чо Оју од кинеската отколку од непалската страна, целта на Нимс е да создаде удобна патека за искачување од непалската страна.

Цената на дозволите за осумилјадникот Даулагири 8167 м. - седмиот највисок врв во светот и Канчензонга 8586 м. - третиот највисок врв во светот се планира да се намали за 50%!

Ова го изјави Мера Ахарија, директор на Секторот за туризам во Непал.

Патем, цената на дозволите за Еверест, најпопуларниот планински врв во Непал останува непроменета - 11.000 американски долари по алпинист.

Покрај тоа, според Ахарија дозволи нема да се наплаќаат за искачување на врвови како што се: Апи, Саипал, Ганеш Химал, Гиалзен Пик и други.

Сега доставивме нацрт-предлог за намалување и укинување на дозволите кои се на разгледување во Кабинетот на министрите во земјата и чекаме соодветно одобрување, изјави Ахарија.

Visit Nepal 2020

Владата на Непал очекува да привлече околу 2.000.000 туристи во земјата како дел од кампањата „Visit Nepal 2020“.

Нашиот предлог е делумно насочен да му помогне на Непал да привлече повеќе туристи и планинари, а од друга страна, овој предлог ќе помогне да се промовираат врвовите на кои планинарите малку посветуваат внимание, рече Ахарија.

Претходно минатата недела, Одделот за туризам во Непал испрати пакет измени во правилата за планинарење до Владата на Непал кои чекаат одобрување.