Одделот за туризам на Непал продолжува да работи на владината кампања „Посетете го Непал 2020“ која е насочена кон привлекување туристи во земјата кои не се насочени само кон искачување на осумилјадници, туку и други врвови на Хималаите.

За развој на оваа иницијатива, во план е да отворат 33 нови планински врвови за искачување од алпинистите: списокот со предложени врвови веќе е испратен до Министерството за туризам и цивилно воздухопловство на Непал.

Во моментов, 414 планински врвови се сметаат за отворени за планинарење во Непал (од кои 85 сè уште не се искачени од алпинистите!).

Nepalski vrvovi

Според директорот на одделот, Данду Рај Гимире, новите 33 планински врвови можеби се од интерес пред се за алпинистите, бидејќи претходно не биле издавани дозволи. Тој, исто така, истакна дека патиштата кон секоја од планините и локацијата на базните кампови веќе се одредени.

Повеќето врвови што не се искачени се наоѓаат во западниот дел на Непал, во области како Дарчула, Бадџанд и Кумла. Се надеваме дека со отворањето на планините ќе се привлечат повеќе алпинисти од целиот свет, истакна Гимире.