Почнувајќи од Катманду на 1400 метри надморска висина, екипата на компанијата Teton Gravity Research патуваше со хеликоптер до 7300 метри надморска висина со дополнителен кислород за да ги снимат преубавите предели на Хималаите во ова кратко видео.

Снимаа со најмодерната стабилизирана камера, така што Монт Еверест, Ама Даблам и Лотце се претставени во кристално чиста HD снимка благодарејќи на овие експерти.

Според зборовите на режисерот на филмот Тод Џонс, три недели престојуваа во Непал, но самото правење на аероснимките траеше четири дена.

Беше возбудливо, бидејќи бевме во Лукла на 2700 метри надморска висина, а само за десетина минути се качивме на 6000 метри.