После искачувањето на 11 врвови над 8000 метри за нешто повеќе од четири месеци, поранешниот член на специјалните сили на Велика Британија, Нирмал 'Нимс' Пурџа, стигна во базниот камп на осмиот највисок врв во светот во западен Непал за да ја започне последната фаза од неговата амбиција да ги искачи сите 14 највисоки врва во светот за само седум месеци.

„Тимот на Project Possible предводен од Пурџа сега е во базниот камп под врвот Манаслу (8123 м.)“, изјавија официјалните лица на базниот камп.

Пред да замине за Самагун, 35-годишниот Пурџа, кој веќе има поставено повеќекратни рекорди во планинските искачувања, рече дека ќе се обиде да ги искачи Манаслу и Чо Оју на Тибет до крајот на септември.

Nirmal Purja

Пурџа треба да се искачи на Манаслу, Чо Оју и Шишапангма до крајот на ноември за да ја заврши својата трета фаза од Project Possible. Бидејќи Кина годинава го „затвори“ врвот Шишапангма за искачување, Пурџа сакаше владата да лобира со северниот сосед за да му овозможи дозвола за порано искачување. „Во тек се билатерални разговори на високо ниво за отворање на Шишапангма за искачување оваа година“, изјави висок службеник од Министерството за надворешни работи.

Пурџа, кој поминал 16 години во британската армија, рече дека сака да постави промена на парадигмата во перцепцијата на човечкиот потенцијал со искачување на сите 14 врва за седум месеци. „За време на патувањето на проектот, јас бев вклучен во четири непланирани спасувања на високите падини на Хималаите“, информира тој.

Брзински рекорди на Пурџа

  • Искачил најмногу 8000ки во една сезона (пролет): 6 (Анапурна, Даулагири, Кангчензонга, Еверест, Лотце и Макалу за 31 ден)
  • Искачил најмногу 8000ки во една сезона (лето): 5 (Нанга Парбат, Г1, Г2, К2 и Броад Пик за 23 дена)
  • Најбрзо време до врвот на топ 3 највисоки планини во светот
  • Најбрзо време до врвот на топ 5 највисоки планини во светот
  • Најбрзо време за искачување на Еверест, Лотце и Макалу: 48 часа

Успешно искачени врвови

  1. Броад Пик - 26 јули
  2. К2 - 24 јули
  3. Гашербрум II - 18 јули
  4. Гашербрум I - 15 јули
  5. Нанга Парбат - 3 јули
  6. Макалу - 24 мај
  7. Еверест - 22 мај
  8. Лотце - 22 мај
  9. Кангчензонга - 15 мај
  10. Даулагири - 12 мај
  11. Анапурна - 23 април