Австрија од туризмот остварува многу повеќе приходи за разлика од кај нас или соседните држави, и покрај тоа што не нуди сонце и море.

На 2500 метри надморска висина, скијачките патеки во Силијана во Австрија стануваат место за планинари и оние кои сакаат престој во природа, домашна храна и активности на свеж воздух.

Домаќините се потрудиле да смислат атрактивни содржини, така што летната сезона во планините трае седум месеци.

Придобивките од руралната атмосфера

Велат, тајната е во секој детал. На големите инвестиции не смее да се чека повеќе од пет години. Понудата постојано мора да се освежува бидејќи финансиски ќе ја покрие првиот задоволен гостин. Прекрасен спој на борови, трева и планински цвеќиња, со поглед на коњи и крави оваа година привлече многу туристи, а поголемиот број после првиот пат често и се враќаат.

Врв на сезоната се трите зимски месеци. Летно време достапноста надминува 65%. Домашниот човек верува само во регионалната банка, велат традиционалните семејства кои во својата понуда вклучуваат само производи од сопствената економија. Клучот за успех велат тие е во дополнителните содржини и постојаните инвестиции. Ретки се инвестициите од странските банкари.