Нашиот планинар Георги Петков почина од срцев удар на Хималаите, при обид да се искачи на највисокиот врв на светот Монт Еверест.

Смртта на 63-годишниот доктор од Гевгелија е објавена на страницата на „The Himalayan Times“, а веќе ја пренесуваат и нашите медиуми.

Веста ја потврди и менаџерот на базниот камп Нира Шерпа.

„Во тек е спуштањето на неговото тело до долниот камп“, изјави Шерпасот.

Петков беше дел од експедицијата која ја предводеше британскиот планинар и лидер на комерцијални експедиции Тим Мосејдел.

Да успееше да се искачи на врвот, тој ќе беше шестиот Македонец кој се искачил на „врвот на светот“.