На 28-ми јануари ненадејно почина Перо Атанасов на враќање од искачувањето на Титов врв, каде доживеал срцев удар кој бил кобен за него.

Не напушти Перо Атанасов, за многумина негови другари и пријатели, попознат како „Црна Стрела“, неочекувано, прерано, пред да искачи уште многу планинарски, но и други врвови во животот.

Не изржа неговото големо срце, откажа на симнувањето од Титов Врв, на Шар Планина, на прекрасниот сончев, неделен јануарски ден во 2018-та.

Перо или Стрела ќе ни недостига поради ведриот дух и неповторливот оптимизам. Ќе ни недостигаат и неговите приказни за искачените врвови, за Матка и за тревките што ги береше таму, приказните за печурките кои ги береше и последниве години, главно, сам ги јадеше!

Перо си замина, но спомените и сеќавањата за него нема никогаш да избледнат кај сите што го познаваа, го почитуваа и го сакаа.

Почивај во мир друже...