Во текот на 19тиот век во подрачјето на Хималаите, Европјаните прв пат се сретнале со висинските носачи на товар кои им се претставувале како Шерпи (Sherpa).

Називот Шерпа од тогаш комерцијално се користи за сите луѓе кои помагаат и учествуваат во хималаиските експедиции. Западњаците често го пишуваат со мала почетна буква подразбирајќи по тој назив занимање, но со оглед дека се работи за народ ние ќе го пишуваме со голема почетна буква.

Приказната за Шерпите е комплексна и многу интересна. Народите од тибетското плато, вклучувајќи ги и Шерпите околу 11 000 години живеат на големи висини и низ тој долг временски период нивниот организам е многу добро прилагоден во недостатокот на кислород. За разлика од аклиматизираните алпинисти, повеќе се издржливи и отпорни на суровата клима, реткиот воздух и висинските болести.

Tenzing Norgay

Приказната за црвените крвни зрнца тука не држи вода бидејќи ако се споредат со белците, Шерпите во просек ги имаат помалку. Шерпите од ниските делови речиси се анемични според нашите критериуми иако не покажуваат симптоми на анемија. Кислородот на Шерпите им е потребен како и нас, но тој во нивната крв помалку се разградува. Збунетите научници заклучиле дека до тоа допринесува брзата циркулација поради широките крвни вени, поради ретката крв не создаваат згрутчување, нивните крвни зрнца подобро го впиваат кислородот, а нивниот начин на дишење осигурува ефикасна циркулација на градите и подобро апсорбирање на кислород. Мистична генетска предност.

Хималаиските експедиции од преку педесет различни народи кои го населуваат Непал најрадо ангажираат Шерпаси кога заминуваат во освојување на највисоките врвови. Шерпасите се толку барани што денес се најугледните и најбогатите жители на Непал. Можеме слободно да речеме дека Тензинг Норгај е пионир за денешната репутација на Шерпасите во светот иако речиси ништо не знаеме за него.

Најстарите кланови на Шерпите потекнуваат од регионот Кам од Тибет. Монголите во 13 век со своите освојувачки продори ги приморале на бегство во внатрешноста на Тибет. Три века подоцна повторно ги протеруваат муслиманските освојувачи од западот. Бегајќи пеш ги поминуваат Хималаите и го населуваат подрачјето Кумбу јужно од Монт Еверест, а себеси започнале да се нарекуваат Шерпи (народот од истокот). Подоцна брановите на новите доселеници на подрачјето Кумбу предизвикале глад, болести и повремени војни. Новите доселеници се вклопиле во веќе постоечките населби или граделе нови, создавајќи свои кланови. Меѓусебно изолираните села распослани помеѓу стрмните планински превои предизвикале на релативно мало географско подрачје се развијат и зачуваат меѓусебно потполно различни култури.

Tenzing Norgay

Многу одамна пред да се искачи на Еверест со Едмунд Хилари, Тензинг Норгај се викал Намгиал Вангди. Во старите пописи Шерпите се прикажуваат како еден од четирите видови народи Ботеј и Тибети. Тензинг Норгај е човек кој ги прослави Шерпите иако воопшто не припаѓал на тој народ. Роден е како 11-то дете во пастирската населба на средиштето на аџиите во тибетанскиот регион Карта. Израснал во предградието на Ганг Ла каде на возраст од седум години ја доживеа првата средба со легендарниот британски планинар Џорџ Малори кој пролетта 1921 година го постави својот логор во регионот Карта, истражувајќи ја северната страна на Еверест. Оваа средба длабоко го погодила момчето, а чизмите со клинци засекогаш му беа врежани во сеќавањето.

Во 30тите години од минатиот век Тензинг со неговите родители се затекнати во средиштето на земјата на Шерпите во Кумбу. Тензинг работел како работник за богатите семејства и често бил изложен на етничка дискриминација. Се заљубува во Шерпаската Дава Пути, која ја убедува на бегство, бидејќи не бил прифатен од нејзиното семејство. Нов живот започнале во индискиот град Дарџилинг. Во тоа време, Непал бил изолирано кралство, а Дарџилинг се претварал во регрутирачки центар за Монт Еверест.

Експедицијата која се подготвувала за освојување на Еверест била во потрага на носачи, но Тензинг беше одбиен бидејќи бил Ботеј. Истата приказна се повторувала и во следните две години и Тензинг мислел дека никогаш нема да добие работа како носач. Молзел крави и берел од познатиот дарџилински чај после сите залудни обиди да се вработи како носач. Но упорноста конечно го донесе пред вистинската можност, кога Ерик Шиптон одлучил да ангажира повеќе луѓе во даден момент кога не биле на располагање повеќе Шерпи.

Tenzing Norgay

Од мноштвото кандидати се нагласи насмевката на Тензинг Норгај кој беше носач до крајот на својата прва експедиција на која беше ангажиран од Ерик. Споровите и судирите меѓу Тибетанците и Шерпите, Тензинг за време на експедицијата се чувал настрана, избегнувајќи проблеми, се дружел со сите подеднакво, без оглед на нивната припадност. Откако се вратил од експедицијата со нов пар чевли, очила за снег и препораки од Ерик неговиот живот тргнал во нова насока. По загубата на сопругата и синот, Тензинг нашол утеха во качувањето градејќи добра репутација која му отварала нови бизниси.

Во 1953 година, Тензинг добил понуда од британската експедиција како капетан (шеф на сите работници на планина). Тоа беше негова седма експедиција на која се запознал со пчеларот од Нов Зеланд Едмунд Хилари. Набрзо станаа многу добри пријатели и еднакви партнери, кога за време на искачувањето на Еверест Тензинг му го спасил животот на Едмунд од длабокиот глечер. Ова спасување го запечати нивното пријателство што ги доведе на врвот на Монт Еверест. Со заеднички сили и меѓусебно помагање успешно ја поминаа познатата Скала на Хилари (Hillary step) или Шерпите како што ја нарекуваат Грбот на Тензинг.

Во 11:30 часот на 29 мај 1953 година, двајцата се искачија на врвот на Монт Еверест, со што станаа првите алпинисти кои го освоиле и ден денес мега популарниот врв на Хималаите. Чувството на заедништво кое ги поврза оваа опасна авантура на дотогаш неосвоениот врв на светот засекогаш остана идеал на планинарската, алпинистичката и хималаиската етика.

Tenzing Norgay

Станаа славни истиот момент. По симнувањето од Хималаите во Катманду беа опкружени од обожаватели, а Тензинг стана нова легенда на својот народ кои раширија приказна дека има три бели дробови. Сите медиумски бизарни игри и манипулации „кој прв стапна со нога на врвот“ не успеаа да го заматат нивното пријателство. Двајцата останаа верни на приказната за јавноста дека истовремено стапнаа на врвот Еверест, како да е важно.

Сега кога Тензинг уживал светска слава меѓу народите Ботеј и Шерпа се создадоа дополнителни несогласувања за тоа кој од овие два народи да го „посвои“ Тензинг Норгај.

Тензинг имаше добри причини зошто тие години се претставуваше како Шерпа. Инвазијата на Кина врз неговата татковина Тибет доведе до опсада на неговиот духовен водач, а Далај Лама беше принуден на егзил. Да се изјаснел како Тибетанец - Ботеј веројатно би било дека Кинезите би го присвоиле искачувањето на Еверест што ќе предизвикало уште поголема национална нетрпеливост.

Tenzing Norgay

Тензинг целосно се асимилирал меѓу Шерпите станувајќи најпознат и најугледен Шерпа на светот. Но, во своето срце беше и останал и Ботеј и Шерпа. По освојувањето на Монт Еверест, основал Хималаиски алпинистички институт во Дарџилинг, каде се обучувале сите локални алпинисти без оглед на нивната националност. Од 1954 година во неговата школа завршиле повеќе од 100.000 ученици.

Тензинг Норгај умрел на 9 мај 1986 година, на 71 годишна возраст.