Несомнено, настанот на годината во планинарството е обидот на Нирмал Пурџа да се искачи на сите 14 осумилјадарки во рок од седум месеци. Почнувајќи од 14 март 2019 година, па досега, шест од нив се зад него - Еверест, Лотце, Кангчензонга, Анапурна, Даулагири и Макалу. А според најновите информации и седмиот Нанга Парбат.

Во моментов, Нирмал се наоѓа во Пакистан, каде има намера да додаде уште четири нови врва на неговата листа.

Nirmal Punja

Во првата фаза на Project Possible 14/7, алпинистот го намали темпото поради недостаток на финансии. Меѓутоа, неодамна се појавија гласини дека Нирмал е во базниот камп под Нанга Парбат. Тој на социјалната мрежа Фејсбук сподели неколку фотографии од самиот врв, што значи дека неговиот проект е повторно во тек.