Познатиот швајцарски алпинист загина во планинска несреќа во близина на Монт Еверест во Непал.

Ули Штек (40) или како што го нарекуваа Швајцарската машина, загина во пад при аклиматизација на врвот Нупце, понизок врв во таа област, изјави Мингма Шерпа од компанијата Seven Summits Treks која ја организираше експедиција на Штек.

Неговото тело е пронајдено на местото на несреќата и пренесено во Лукла, каде што се наоѓа единствениот аеродром во областа на Еверест.

Ueli Steck

Следниот месец Штек планираше да се искачи на Монт Еверест (8.848 мнв), а веднаш потоа да го искачи и соседниот врв Лотце (8.516 мнв).

Тој е првата жртва во оваа сезона на искачувања во Непал, која започна во март, а ќе заврши во мај. Стотици странски планинари и алпинисти се на планината во обид да ги искачат хималајските врвови во мај, кога временските услови се најповолни.

Штек беше еден од најреномираните планинари и алпинисти на неговата генерација. Тој е познат по својата брзина на качување, поставувајќи неколку рекорди на северната страна на Ајгер, врв на Бернанските Алпи кој го искачи за два часа и 47 минути, без користење на јаже.

Ueli Steck

Во 2013 година го постигна првото соло искачување на јужната страна на Анапурна во Непал со што во 2014 година ја доби наградата „Златен цепин“, која се смета за Оскар во планинарењето.

Во 2015 година Штек ги искачи на сите 82 алпски врвови повисоки од 4000 метри, поминувајќи меѓу планините само пеш, со велосипед или параглајдер. Овој подвиг тој го заврши за 62 дена.

Минатата година, Штек и уште еден германски планинар ги открија телата на двајца познати американски планинари, Алекс Лоу и Дејвид Бриџис, кои во 1999 година беа однесени од лавина во нивниот обид да го искачат 14тиот највисок врв во светот, Шишапангма.

Ueli Steck

Минатиот месец во интервју за швајцарскиот весник Tages-Anzeiger, Штек изјави дека тој самиот се смета за аутсајдер на планинарската сцена, бидејќи атлетските достигнувања му се повеќе важни отколку самата авантура.

Запрашан за неговата следна експедиција Еверест-Лотце, каде требаше брзо да се искачи од еден врв на друг, вклучувајќи и помин во текот на ноќта во „смртната зона“, Штек изјави: “Кога сум на Еверест јас можам да запрам во кој било момент. затоа што ризикот е многу мал. За мене пред се тоа е физички проект. Или ќе го пројдам или ќе снемам сила.“

Ueli Steck

На прашањето дали ќе биде успешна неговата експедиција, Штек изјави за Tages-Anzeiger: „Се разбира дека сакам да се искачам на Еверест и Лотце, но, тоа е многу висока цел. Неуспехот за мене ќе биде да загинам и да не се вратам дома.“

После објавувањето на веста за неговата смрт, познатиот алпинист Алан Арнет искоментира од Колорадо: „Не можам да се изразам каква загуба е ова за планинарската заедница, Ули ги сакаше Непал, Еверест и Хималаите.“

Ueli Steck

Вечна му слава!