По повод големиот јубилеј, 30-годишнината од искачувањето на највисокиот врв на светот Монт Еверест од страна на битолчанецот Димитар Илиевски Мурато, во саботата на 11 мај се одржа традиционалниот планинарски марш до врвот Пелистер во организација на ПСК „Пелистер“ од Битола.

Dimitar Ilievski Murato

Традиционалниот марш се одвиваше по две маршути. Првата маршута започна во петокот на 10 мај од селото Ниже Поле до Големо езеро каде се ноќеваше во домот именуван по првиот македонски хималаец, а следниот ден преку врвовите Партизански врв и Широко стапало учесниците пристигнаа на врвот Пелистер каде се споија заедно со учесниците кои се движеа по втората маршута која започна во саботата од Инфо Центарот по Ловечката патека преку планинарскиот дом Широка до врвот каде во 12 часот се прочита традиционалното писмо посветено на Димитар Илиевски Мурато.

Dimitar Ilievski Murato

Паралелно на Копанки пред бистата на Димитар Илиевски Мурато се одвиваше положување на свежо цвеќе и пригодна реч за неговото дело.

Севкупно на настанот учествуваа над 700 планинари од Македонија и околните земји.

Dimitar Ilievski Murato

Dimitar Ilievski Murato

Dimitar Ilievski Murato

Dimitar Ilievski Murato