Висина: 4478 метри

Облик: Матерхорн е славно препознатлив по пирамидалната форма, со четири различни страни кои редат четири насоки. Иако првенствено е поврзан со Швајцарските Алпи, тој исто така е достапен и од соседна Италија.

Формација: Во одредена смисла, би можело да се каже дека потекнува од Африка, или барем дел од неа. Всушност, пред 50-60 милиони години, врвот е формиран кога тектонските плочи ги туркале копнените маси една со друга, туркајќи ја земјата нагоре. Така што оригиналната тврда карпа оригинално доаѓа од Африканската континентална плоча.

Време: Со својата изолирана географска положба и огромна висина, Матерхорн формира свое време, со што искачувачите се изложени на брзи промени на условите. Густа магла, силни ветрови и подмрзнување на површината се некои од поголемите опасности.

Име: Името Матерхорн доаѓа од германскиот збор „ливада“ и „врв“ кои ги има многу во таа околина.

Matterhorn

Прво искачување: Матерхорн првпат е искачен на 14 јули 1865 година, од страна на тим од седум алпинисти предводени од британецот Едвард Вајмпер, кој официјално се смета за првиот човек на врвот.

Искачувања на Матерхорн денес: Oколу 2000 годишно.

Патека до врвот: Првите искачувања на Матерхорн траеле околу два дена за да се искачи северната страна. Денес, ако времето дозволува, потребни се од 8 до 10 часа.

Пукнатини: Бидејќи Матерхорн е дом на бројни глечери, тој е украсен со безброј длабоки пукнатини, многу од нив се скриени од снег, кои можат без предупредување да ги голтнат алпинистите и скијачите во процепот.

Суеверија: Многу одамна, се верувало дека духовите фрлале камења надолу по планината. Денес, знаејќи ја науката за лавините и камењата кои паѓаат го прави помалку опасен.

Повеќе кул факти:

  • Околу 1.000 алпски мраморци живеат во областа Зермат.
  • Мачка по име Мет, наводно, се качила на врвот во 1950 година тргнувајќи од својот дом во хотелот Белведере Зермат по група алпинисти. Велат дека таа ги чекала алпинистите да пристигнат на врвот.