Што ги тера луѓето да одат низ длабокиот снег незнаејќи каде е следниот стометарски процеп кој може да ги проголта и никој да не ги пронајде? Што ги мотивира да се качуваат по стрмните карпи знаејќи дека еден погрешен потег значи сигурна смрт?

Одговорот на ова прашање психолозите може со децении и векови да го бараат, но единствен вистински одговор се крие во секој планинар поединечно. Еве што велат великаните за тоа.

„Луѓето ме прашуваат: Која е користа од качувањето на Монт Еверест? А мојот одговор мора да биде: Нема корист. Нема никакви можности ниту корист. Да, можеме да научиме малку за однесувањето на нашето тело на големите висини и можеби докторите ќе можат нашите забелешки да ги земат во обѕир за потребите на авијацијата. Но ништо од тоа не произлегува. Нема да донесеме ниту едно парче злато или сребро, драгоцен камен или железо... Ако не разбирате дека во човекот постои нешто што одговара на предизвикот на таа планина и заминува да ја пресретне, борбата е животна борба за горе и засекогаш за горе, тогаш нема да сфатиме зошто одиме. Она што го добиваме од овие авантури е чиста среќа. А среќата, на крајот, е целта на животот. Не живееме за да јадеме или да заработуваме пари. Јадеме и заработуваме пари за да можеме да живееме. Тоа значи живот и тоа е потреба на животот.“

Џорџ Малори, британски планинар кој во 1924 година загина при првиот обид за освојување на Еверест

„Мислам дека воглавно се качувам на планините бидејќи уживам во тоа. Никогаш не анализирам премногу детално за тие работи, но мислам дека сите планинарите добиваат силно чувство на задоволство поради поминување на некој предизвик за кој мислат дека им е премногу тежок или можеби малку опасен.“

Едмунд Хилари, првиот освојувач на Еверест

„Среќен е оној кој во полната плима на животот, го чувствува оној дел на активното опкружување кое најмногу го сака. Во овие денови огромните и насилни промени, кога основните вредности на денешницата се залудни и а соништата за утрешницата скршени, многу може да се каже за филозофијата на живеење на животот во целост кога се има можност за тоа. Постојат неколку богатства со поголема и долготрајна вредност од животните искуства кои се целосно исполнети. Тие се, единствените нешта кои ниту една судбина, ниту една космичка катастрофа, не може да ни ги скрати; ништо не може да го промени фактот за еден момент во вечноста вреди да живееме.“

Ерик Шиптон, Британецот кој во 1931 година прв се искачи на највисокиот искачен врв во тоа време, 7756 метарскиот Камет

„Качувањето е опасна и тешка работа. Качувачите не сакаат многу да зборуваат за тоа, велат дека се качуваме за да уживаме во врвовите, а тие кои не се качувачи го прифаќаат таквиот одговор. Затоа што не е можно да сфатат зошто некој оди на место каде смртта го чека на секој чекор - од нискиот кислород, падовите, лавините, бурите кои ве туркаат од работ. Но искусните планинари, тие знаат дека вистинското чувство - откако сте се искачиле на врвот и сте се вратиле - чувството е дека повторно сте се родиле. Да го преживеете местото каде преживувањето е екстремно тешко.“

Рејнолд Меснер, прв човек кој се искачи на Еверест без дополнителен кислород